Штабот за заштита на Ѓорче Петров на готовс

Ставање во готовност на сите расположиви средства со кои располага општината, информирање на месните и урбаните заедници за најавеното невреме и да се следат речните корита на реките Лепенец и Вардар, се насоките кои ги утврдила Општина Ѓорче Петров на денешната вонредна седница на Штабот за заштита и спасување при Општината одржана по најавата на УХМР за нов бран од врнежи, викендов. 

На состанокот со кој раководеше градоначалникот Сокол Митровски а на кој учествуваа и преставници од МВР-ПС од ОН Ѓорче Петров, ЦУК- Карпош, и подрачното одделение за заштита и спасување-Карпош Општината достави и барање до јавните претпријатија, односно до Дирекцијата за заштита и спасување за снабдување со црпни пумпи, лопати и вреќи со песок.

- Апелираме до граѓаните да бидат подготвени за евентуални поплавувања на своите домови, посебно во подрумските простории , а сите загрозени ќе може да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК, истакна Митровски.

Како што се наведува во соопштението, Општината ќе биде во постојана комуникација и координација со надлежните институции со цел да се избегнат несакани последици.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега