ЌЕ ФРЧАТ КАЗНИ: Голема акција на контрлорите на ЈСП - не ни помислувајте да земете искористен билет

Патниците кои учествуваат во кампањата „При излегување од автобус дајте го искористениот билет на тој што влегува“ може да бидат казнети од контролорите на ЈСП Скопје.

Претпријатието соопшти дека службата за контрола при ЈСП работи со засилени тимови, кои се овластени да го казнат патникот што го дал и патникот што го прифатил билетот.

Организаторите на кампањата, како што е наведено во информацијата, се пријавени во Министерството за внатрешни работи.

Патувањето без билет се казнува 1.000 денари веднаш или 50 евра во прекршочна постапка.

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега