Снежна виулица на Балканот

Дел од училиштата се затворени денес поради снежната виулица која ја зафати Словенија. На патиштата има ограничување, а властите соопштуваат дека денешната виулица е најголема оваа зима.Според нивните информации, обилни снежни врнежи и силен ветер го погодиле западот на земјата и Хрватска, а се очекува невремето да се прошири на цела територија.

Затворени се и три гранични пункта за камиони со цел да се избегне создавање на колони и заглавување на патиштата. Во Словенија и во Хрватска е прогласен портокалов степен на аларм поради опасност од временските неприлики, додека на некои места активиран е црвен аларм.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега