ФОТО: Изрешетената жена е сопруга на познат наркодилер

Во Сремска Каменица вчера  засега непознат маж пукаше во 32- годишната Ивана Богичевиќ, која според информациите на српскиот интернет портал Блиц, била ранета во главата и нејзините повреди се сериозни.

Во медиумите веќе се појавиле и информациите дека можеби станува збор за грешка во нападот, односно за метата на нападот, затоа што веќе е откриено дека станува збор за сопруга на познатиот наркодилер - Љубо Богичевиќ.

Имено, Богичевиќ  во јануари минатата година бил приведен во рамките на акција спроведена поради сомнеж за негова вклученост во трговија со дрога.

Ова не првпат жителите на Сремска Каменица да бидат вознемирени од вооружен напад поради Љубо Богичевиќ. Во јуни минатата година пред неговиот дом исто така било пријавено пукање при кое маскиран напаѓач од заседа го ранил И.О. (27), додека тој излегувал од домот на својот пријател Љубо.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега