Мојата ќерка не загина туку се самоуби - ова го тврди таткото на познатата пејачка

Младата босанска пејачка Амила Хасановиќ загина во вторникот откако со нејзиниот автомобил излета во река во Босна. Сепак нејзиниот татко Алија Хасановиќ тврди дека ова не било несреќа туку дека неговата ќерка се убила. Како што пишуваат босанските медиуми, момчето на пејачката бил љубоморен и во текот на една нивна расправија му се заканила дека ќе се убие. „Еден ден пред нејзината смрт добив паничен повик од момчето на ќерка ми“, рекол таткото на пејачката.

- Елман ми се јави во понеделникот и ми рече, „ Ало, Амила сака да се убие“. Дојде подоцна кај нас дома, плачеше и зборуваше дека ја сака ми спомнуваше и некои фотографии: Ми рече дека Амила по телефон му кажала дека ќе се убие и дека ја оставила линијата отворена за да слушне тој. Околку 13.30 часот дознавме дека автомобил марка Поло слетал во река во Босна. Сакам да се знае дека тие траги од гуми не се од коцење туку шлафувања . Мојата Амила се убила, рекол очајниот татко на русокосата пејачка.

 

 

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега