Шеици го окупираа Сараево

Додека БиХ ја напуштаат младите барајќи подобар живот, во земјата се населуваат шеици и емири од Блискиот Исток.

Телевизијата додава дека поради природните убавини или нешто друго, околината на Сараево е претворена во градилиште и покрај ниските температури.

Во последните две години купени се стотици хектари земјиште околу Сараево, а Арапите постепено се шират и во Централна Босна. Нивни места се Кисељак, Крешево и други места покрај автопатот што се гради.

Во Илиџа, сараевска општина во која порано преовладуваше кирилица, денес арапскиот јазик се гледа на секој чекор, од агенции, ресторани, згради...

Работите главно ги вршат преку посредник, а еден од нив, кој сакаше да остане анонимен, вели дека Арапите се заинтересирани за големи парцели, но понекогаш како што истакна тој, купуваат и помали семејни имоти главно надвор од градот во близина на патишта или покрај реката.

Како што вели тој, нив им е важно да постои можност за градење, а властите во Илиџа не им пречат, туку максимално се кооперативни за градежните и урбанистичките дозволи.

Од друга страна, сопствениците на имототие главно се Срби кои живеат во сиромаштија и во арапските пари бараат спас за преживување.

- Тие се максимално коректни, понекогаш се договараат, некогаш не, но своите обврски и договори секогаш ги почитуваат, вели Јово Јањиќ од Демократската иницијатива на сараевските Срби.

Цената на земјиштето е до 10 марки по метар квадратен, а шеиците и емирите не ги жалат парите. Во руралните средини градат куќи и викендици, наводно за одмор.

На Арапите им се допаѓа и соседното место Кисељак, посебно по изградбата на автопатот. Арапските државјани веќе откупија 10 хектари земјиште и 10 семејни домаќинства. Но, за разлика од Хаџиќи и Илиџа, во Кисељак просторниот план е приоритет.

Експанзијата на арапските инвеститори е забележана од Службата за дејности со странци, па посебно се интересни сопствениците на Агенциите за недвижности од арапско потекло.

Проверувале околу стотина сопственици кои во својот имот имаат вкнижено околу 350 недвижности со огромна вредност, а речиси 90 отсто од проверените никогаш не престојувале во БиХ.

И додека службите проверуваат, а граѓаните поради новите соседи тивко негодуваат сомневајќи се во нивните намери, шеиците и емирите го освојуваат Сараево и околината, далеку од нафтените извори и пустините, градат свои оази. Меѓутоа, останува нејасно зошто токму во БиХ.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега