„Стандард енд Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Грција
Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Стандард енд Пурс“ го намали рејтингот на Грција од „Б“ на „Б минус“.
Одлуката е донесена поради стравувањето за финансиската состојба на Грција по напорите на грчката Влада да постигне нов договор со кредиторите.
„Стандард енд Пурс“ најави дека е можно да објави и нова пониска оценка за кредитната способност на Грција.
Оцени ја веста
06.02.2015 - 21:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа