„Шпигел“ предвидува дека Грција ќе банкротира летово

По неуспехот на состанокот на министрите за финансии на Еврогрупата, на кој не беше постигнат договор за програмата за финансирање на Грција, земјата се повеќе се доближува до банкрот, а се повројатно е и нејзиното истапување од еврозоната.

Ова го оценува германскиот политички магазин „Шпигел“.

- Ако не стигнат нови пари од европските партнери, Грција ќе банкротира во текот на претстојново лето, а можеби и порано, оценува магазинот.

„Шпигел“ потсетува дека само до крајот на март на име камати Атина на доверитлите мора да им исплати 2,2 милијарди евра. 

Доколку и успее финансиски да ја преживее пролетта, веќе во јули на Грција ќе и требаат свежи пари или во спортивно ќе мора да прогласи банкрот.

- Во таков случај, една банкртирана Грција ќе биде се поблизу до напуштање на евроозната, смета „Шпигел“

 

 

Оцени ја веста

21.02.2015 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега