Иваниќ: За еден месец БиХ ќе добие позитивен став од ЕУ

Следниот месец Босна и Херцеговина ќе добие позитивен став од европските институции, по што следи ратификација на Договорот за стабилизација и асоцијација.

Ова денеска по обраќањето на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини пред пратениците во Парламентот на БиХ, го изјави претседавачот со Претседателството на БиХ, Младен Иваниќ.

БиХ според него треба да работи на понатамошен напредок кон ЕУ и исполнување на условите за добивање на кандидатски статус, со што се добива и најголем можен извор на поддршка во финансиска смисла, пренесува Танјуг. 

- За тоа да се случи, прво мора да се спроведат економски реформи, односно премиерите на ентитетите и претседавачкиот Совет на министри на БиХ ќе треба да се договори за нивната содржина, изјави Иваниќ, додавајќи дека се зависи од политичарите. 

Иваниќ смета дека по долго време е создадена позитивна атмосфера во БиХ и дека е можен чекор напред кон ЕУ.

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега