Могерини ја откажа посетата на Албанија

Високиот претставник на ЕУ за на надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини ја откажа посетата на Албанија, јави дописникот на МИА.

Могерини требаше да допатува во Тирана за да учествува на неформалната средба на министрите за надворешни работи од државите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, што денес почнува во албанскиот главен град.

Според извори од нејзиниот кабинет, како што јави онлајн изданието на тиранскиот весник „Шекули“, посетата биле одлжена „поради логистички мотиви“.

Шефицата на европската дипломатија, според агендата, во Тирана требаше да пристигне од Сараево, а потоа од албанскиот главен град да отпатува за Лондон. Меѓутоа, поради продолжувањето на раговорите со претставниците на трите ентитети во БиХ, таа подолго остана во Сараево, од каде ќе замине за Лондон.

Албанија е ротациски претседавач со Процесот за соработка во ЈИЕ. Членки на Порцесот, покрај Албанија, се и Македонија, БиХ, Бугарија, Грција, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора.

Поради присуствоти на претставници од Косово, Србија го откажа учеството на дводневната средба на која ќе се обрати и албанскиот премиер Еди Рама. 

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега