Србија доби стабилизациски заем од ММФ во износ од 1,2 милијарди евра

Меѓународниот монетарен фонд и одобри на Србија стабилизациски заем во износ од 1,2 милијарди евра за период од три години, јави ДПА.

Србија, која најави дека парите ќе ги искористи како превентивна мерка, за возврат треба да спроведе програмата со реформи во следните три години.

Програмата има за цел да ги стави во ред јавните финансии на Србија и да ја зголеми стабилноста на финансискиот сектор. Предвидено е спроведување структурни реформи, кои ќе го отворат патот за стабилен економски раст.

Согласно спогодбата со ММФ за фискалната консолидација Србија треба да го намали буџетскиот дефицит од 6,6 отсто на помалку од три проценти од БДП во следните три години.

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега