Заработил 240 кривични пријави а има само 14 години

Српската полиција уапси малолетник (14) кој се обидел да убие Сириец во белградската населба Вождовац, а во неговото досие има дури 240 кривични пријави.

Малолетникот на 2. март нападнал државјанин од Сирија во напуштена куќа во белградската населба Вождовац  и се обидел да го убие со нож.

Кога бил приведен од полицијата се откри дека се работи за повеќекратен крадец кој во неговото кривично досие има дури 240 пријави за разни кривични дела.

Тој, според пријавите, е познат по неговата суровост и безкрупулозност кон жртвите кои ги ограбил. Тој ги мачел жртвите се додека му ги дадат паричниците или торбите. Податоците се шокантни, бидејќи тој има само 14 години.

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега