Се скарале кој да плати пијачка - го изрешетал другарот

По расправијата кој почесто ги плаќа пијачките во кафичите седумнаесетгодишниот Е.Г. во понеделникот вечерта на Нов Пазар пукал во неговиот другар и врсник А.М.Ј. и го погодил во стомакот.

Ранетото момче е префрлен на лечење во Крагуевац, а оттаму велат дека неговата здравствена состојба е стабилна. Тој е примен со прострелна рана и повреда на желудникот.

Другарите почнале да се расправаат во еден локал во пешачката зона во Нов Пазар.

„Во еден момент Е.Г. го бутнал другарот, настанала мешаница во која А.М. извадил пиштол и пукал велат очевидците.

Напаѓачот побегнал, а ранетото момче е префрлено на хируршкото одделение во болницата во Нови Пазар, каде му е укажана помош при транспортот за Крагуевац. Во полицијата велат дека по напаѓачот е распишана потерница.

Инаку малолетниот напаѓач А.М.Ј. и претходно влегувал во конфликт со законите, а во септември минатата година поради расправија околу девојка пукал пред Економското - трговско школо во друго момче, но не го погодил.

Во притвор минал 23 дена и е пуштен на слобода.

 

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега