Македонија ќе добие Регистер на градежно земјиште

 

По Швајцарија и Словенија, Македонија е третата земја во Европа која ќе добие Регистер на градежно земјиште, најави на денешната прес-конференција во Штип директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славчо Трпевски.

Проектотот е во рамките на Програмата на Владата од 2014 до 2018 година, а следува по донесувањето на измените на Законот за катастер на недвижности од август 2014 година и по изготвувањето и прифаќањето на Студијата за воспоставување на графички регистер на градежно земјиште од страна на Владата на Република Македонија.

- Агенцијата за катастар на недвижности распиша меѓународен тендер за изработка на софтверско решение за регистер на градежно земјиште, проценетата вредност на овој софтвер е 270.000 евра. Регистерот на градежно земјиште ќе овозможи, значително скратување на роковите за донесување на урбанистички планови, максимална техничка подршка за архитектите и планери при изработување на плановите, складирање на сите планови на едно место во централна база на регистер на урбанистички планови. Максимална можна усогласеност на урбанистичките планови и избегнување на досегашните ситуации кога за неколку метри квадратни не може да се реализира градежна парцела, вели Трпевски.

Тој додава дека граѓаните со новиот Регистер за градежно земјиште ќе можат и на шалтерите или преку електронски шалтер да добијат и извод на урбанистички планови.

- Регисторот ќе даде и можност на инвеститорите од било кој дел на светот да проверат каде има во Република Македонија слободно градежно неизградено земјиште, што е предвидено да се гради на него, кој е сопственик на тоа земјиште, каква инфраструктура има и колкава е почетната цена доколку градежното земјоште е сопственост на Република Македонија, вели Трпевски.

Тој истакна дека Отворените денови на Катстарот продолжуваат и е задоволен од работењето на вработените во Катастарот во Штип, каде што предметите ги решаваат брзо и во рамките на законскиот рок.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега