Македонско-бугарски бизнис форум во Софија

 

Македонија и Бугарија имаат интерес од продлабочување на економската соработка, оценија присутните на бизнис форумот што се одржува во Софија, а  на кој присуствуваат 30-тина компании од Македонија и над 60 од Бугарија, пренесува МИА.

Форумот го организира Бугарската стопанска комора, во соработка со Стопанската комора на Македонија, Македонско-бугарската стопанска комора и Амбасадата на Бугарија во Македонија. 

Извршниот директор на Стопанската комора на Македонија Јелисавета Георгиева истакна дека Македонија е заинтересирана за продлабочување на соработката со Бугарија.

Заменик-директорот на Бугарската агенција за инвестиции, Маџиде Ахмедова истакна дека Бугарија сака да го зголеми обемот на македонските инвестиции во Бугарија и им порача  на претставниците на бизнис заедницата од Македонија да побараат помош од Агенцијата. 

Агенцијата, како што посочи Георги Алипиев, главен експерт во оваа институција, ќе биде постојан партнер на бизнисите во реализација на инвестициските проекти. 

Како аргументи за изборот на државата како инвестициска дестинација експертот ги подвлече политичката и макроекономската стабилност, пристапот до пазарите на ЕУ, договорот за слободна трговија со Русија, Турција и Блискиот Исток, образованата, квалификувана и мотивирана работна сила, законските стимулации за инвеститорите, најниските даноци. Експертот напомена дека од 1996 до 2014 година 43 милијарди евра се инвестирани во државата. 

Тој цитираше податоците, според кои трговската размена меѓу двете држави е над 600 милиони евра и дека Македонија е во топ 20-те трговски партнери на Бугарија.

 

 

Оцени ја веста

12.03.2015 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега