Груевски најави неколку нови инвестиции, 4.400 нови вработувања

 

Премиерот Никола Груевски денеска најави неколку нови инвестиции од трибината во „Борис Трајковски“, кои ќе отворат 4.400 работни места. 

-Пред неколку дена заменик директорот на агенцијата за привлекување инвестиции ја направи првата посета на белгиската компанија која почна со работа во Скопје и ќе вработи 50 луѓе за почеток, а бројот ќе расте. Следниот месец ќе се отвори и фабриката на Маккард во Велес  чија градба е во финиш и која ќе вработи 600 луѓе, а сопственикот веќе купи уште еден плац до неа. Ова се десетина компании кои само во овој период веќе објавија инвестиција и како што кажав со дел од нив сега го потпишуваме договорот, дел почнуваат градба на фабриката а некои се при крај и ќе отвораат за период од два месеци. Покрај оние кои веќе објавија, има голем број кои не се објавени, а со кои сме во финална фаза на договор или веќе неофицијално ни потврдиле дека донеле конечна одлука за градба на нови фабрики во Македонија. Сакам да ве информирам со големо задоволство и да објавам официјално дека една таква е една американска инвестиција од автомобилската индустрија во висина од 15 милиони евра инвестиција која планира да се стационира во Тетово и да вработи, внимавајте 2.500 луѓе од тој регион. Или една друга која веќе неформално ни потврди инвестиција во Василево,  за  производство на материјали кои се користат во рударство и градежништво со 50 вработувања, па ќе расте бројот, изјави тој.

Премиерот рече дека во Велес ќе следи уште една инвестиција со 1.000 вработувања на која долго работеле, а за која веќе една домашна банка склучи договор за продажба на халите на поранешна фабрика во тој град која сега не работи.

-Да објавам уште една нова инвестиција која не извести дека донеле веќе одлука за инвестирање во Прилеп, германска компанија, во делот на автомобилска индустрија, висока технологија, 250 вработувања главно високо образовани кадри, пред се инженери и менаџери кои ќе ги пушти на тренинг во Германија. И ајде и уште една за денеска шестта нова инвестиција ќе најавам која е сигурна бидејќи компанијата иако се уште официјално не објавила, веќе има регистрирано фирма во Скопје, отворено канцеларија и првите административни вработувања се реализирани.  Се работи за германска компанија, потврдија градба на фабрика во зоната во Скопје за производство на електрични уреди, инвестиција вредна 30 милиони евра, 500 нови вработувања. Само овие нови најавени фабрики денес значат нови 4.400 директни вработувања, плус многу индиректни, заклучи премиерот.

Премиерот истакна дека токму на такви бомби го трошат нивното време и побара народот да прави разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија и да одлучи дали нив ќе ги цени по делата или креираните материјали добиени од странски служби дадени на Зоран Заев.

 

 

Оцени ја веста

15.03.2015 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега