Кријнен: Како резултат на поддршката од Владата планираме да донесеме над 11.000 холандски туристи во Македонија оваа година
Директорот за Македонија на тур-операторот од Холандија ТУИ, Јакис Кријнен, истакна дека како резултат на добрата соработка и поддршка од македонската влада, постојано расте бројот на туристи, кои нивниот тур оператор ги носи во Република Македонија.
-Благодарение на таа поддршка во последните години бројката на туристи од Холандија во Република Македонија е зголемена за 10 пати. Ние сме најголемиот тур оператор од Холандија и работиме со Македонија од 2011 година. Работевме и порано во Македонија во раните деведесетти, но се вративме во 2011 година, рече Кријнен, на на бизнис форум во Хаг, Кралството Холандија, каде присуствуваше македонска делегација предводена од премиерот Никола Груевски.
Потенцираше дека започнале со само 2.000 клиенти туристи, но секоја година го зголемуваат бизнисот.
-Оваа сезона, 2015 година, планираме да обезбедиме околу 11 до 12 илјади холандски туристи во Македонија. Во изминатиот период инвестиравме во туристичките капацитети во Македонија, изградивме хотел, а оваа година градиме нови два. Исто така настојуваме во подобрување на постојната инфраструктура со хотелите со кои соработуваме. Сето ова е возможно заради поддршката од владата затоа што овозможуваат субвенции и така можеме да го зголемуваме бизнисот во Македонија, без тоа ништо од ова не е возможно. Се надевам со таквата поддршка ќе го зголемуваме и развиваме бизнисот и во иднина, додаде Кријнен.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа