Лазаров на ехографија, го пропушта дуелот со Арагон

 

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров кој настапува за шпанскиот клуб Атлетико Мадрид денеска ќе оди на ехографија по што ќе се знае тежината на повредата на бутниот мускул.

На вчерашниот тренинг на Атлетико, тренерот Талант Душебаев најмногу беше преокупиран со повредите на двајцата ракометари по десната страна Кирил Лазаров и Гарсија Парондо. И двајцата се повредени и нема да настапат на денешниот натпревар против Арагон.

Сепак како и многу пати досега најдобриот стрелец на Атлетико Мадрид во оваа сезона, доколку постојат и минимални шанси ќе се обиде да му се стави на располагање на Душебаев во обид клубот да избори уште еден „Фајнл фор“.

ФОТО:Плусинфо

 

најчитано сега