Тага и болка: Трагичната смрт на Фросина ја зави Крива Паланка во црно

Советот на општина Крива Паланка на вонредната седница одржана вчера вечерта донесе одлука со која денешниот ден го прогласи за Ден на жалост во Крива Паланка, по повод трагичната смрт на нивната сограѓанка Фросина Цековска, која замина во смрт по страшната сообраќајна незгода кај Универзална.

- По повод трагичната смрт на младата Кривопаланчанка Фросина Цековска која во петокот го загуби животот во сообраќајна несреќа во Скопје, недела 5 април се прогласува за Ден на жалост во општина Крива Паланка. Во име на градоначалникот на Крива Паланка и од име на советниците на општината во знак на почит кон прерано починатата Фросина Цековска и нејзиното семејство, упатуваме сочувство, а утрешниот ден е прогласен за ден на жалост, изјави Борче Стојчевски, претседател на Советот на општина Крива Паланка.

Угостителските објекти кои се на територијата на општина Крива Паланка ќе емитуваат сериозна музика, знамињата во општината ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани на територијата на општината за утре се одлагаат.

 

 

Оцени ја веста

05.04.2015 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега