Радица се пожали во медиумите: Директорот на Здравствениот дом 8 години сексуално ја вознемирувал

Цели осум години директорот на Домот за здравство во Ваљево, Миливое Симовиќ, ми се додворуваше и сексуално ме вознемируваше. Кога го одбив станав жртва на мобинг, и само ме преместуваа од служба во служба. 

Ова за српскиот Курир го вели 44-годишната вработена во здравствениот дом, Радица Јанчиќ, која додава дека примала пораки со недолична содржина како бакнежи за тебе, оздрави побрзо и можеш да дојдеш кај мене во 16 и 30. 

- Маките ми почнаа пред две години кога се вработив. Директорот од мај таа година упорно ми праќаше такви пораки. Кога го одбив ме преместија во друга служба, а потоа без причина ме префрлија во Итната помош, вели Радица. 

Директорот за српскиот Курир ги негира сите обвинувања против него. 

- Јас сум чесен и семеен човек и немам ништо со тоа, вели тој.

Миливое додава и дека Радица била префрлена во Итната помош по своја желба.

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега