Состојбата на бебето Најден се подобрува

Полека здравствената состојба на малиот Најден кој беше пронајден пред куќа во Арачиново со модринки по телото и исечен јазик се подобрува.

- Здравствената состојба на Најден му се влоши во текот на викендот, а конкретно станува збор за статична бронхоплевмонија. Лекарски тим е постојано со него, успеавме да ја стабилизираме неговата состојба и таа се подобрува, а во моментов се наоѓа на одделението за интензивна нега - вели директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова за Плусинфо.

Инаку, Најден и понатаму ќе остане во болница, а се очекува да дојде и тим лекари од Америка кои ќе му пресадат нов јазик.

 

најчитано сега