Синот викал од болка до ковчегот на татка си - Теодор испратен во вечниот дом

Со звуците на песната „Tiho noći“ и „Ne plačite oči moje“ и сирени од стотина такси-возила, Теодор Гачета беше испратен во вечното живеалиште. Сопственикот на Пинк Такси кој беше брутално убиен со четири куршуми во главата, го испратија семејството, пријателите и соработниците, а како што пишува српскиот Курир, најтешко му беше на неговиот син кој не се делел од таткото во капелата. 

Почивај во мир брате, нека те чуваат ангелите, беше дел од говорот на еден пријател.

Убиството се случу пред неколку дена кога Теодор излезе од своето возило и се упати кон кафуле каде го чекаа пријателите. Беше усмртен со четири куршуми, а пред убиството претходела расправија.

Сторителите засега се во бегство.

 

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега