Саше шверцувал дрога бидејќи поплавата му ја однела куќата

Братот и ќерката на Саше Јаковлевиќ од Обреновац кој беше фатен како шверцува дрога, велат дека не е никаков криминалец туку напротив, дека го направил делото поради тоа што во ужасните поплави кои ја зафатија Србија останал без куќа.

- Ми рече дека ќе оди во Германија, дека прифатил работа поврзана со јахти. Го измамиле, а тој и онака беше без куќа и пари, му било страв да се откаже, вели братот на 41-годишниот Саше за српскиот Курир.

Неговата најстара ќерка вели дека последен пат со татка си се чула пред две недели. 

- Ни се јави да не провери како сме со брат ми. Звучеше нормално. Не ни спомна патување со јахти и бродови. Не знам во што се вплеткал но дефинитивно не екриминалец, вели таа за српскиот Курир.

Инаку, Саше е шофер на камиони и возел веќе две години во Германја.  

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега