Група од 32 лица осомничени за тероризам ќе биде изнесена пред суд во Косово

Група од триесет и двајца косовски граѓани денеска ќе биде изнесена пред суд по обвинение, дека се приклучиле кон радикални терористички групи во Ирак и Сирија, пишува приштинскиот весник „Зери“. 

На 8 мај специјалното обвинителство на Косово покрена против групата обвинение за регрутирање на борци за тероризам, за организирање и учество во терористички групи и за противзаконско поседување и употреба на оружје, пренесува Танјуг.

За некои од обвинетите има сомнение дека биле на страна на терористичката група „Исламска држава“ во Сирија

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега