Шешељ повеќе не може да издржи - се повлекува од политиката

 

Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ објави дека поради тешката болест времено се повлекува од политиката, пишува порталот Телеграф. 

Вчера Шешељ првпат ја пропушти редовната партиска прес-конференција, а малку по неа изјави дека неговото здравје се влошило до степен што не може активно да се занимава со политика. Шешељ објави дека има висока температура и дека многу тешко ја поднесува хемотерапијата, на која е подложен поради рак на дебелото црево. 

Доктор Милован Боиќ, шеф на лекарската екипа на Шешељ, изјави дека буквално деноноќно го следат пациентот, кој е целосно дехидриран, лицето му е парализирано и имунитетот драстично намален. 

Лидерот на Српската радикална партија е обвинет во Меѓународниот трибунал во Хаг за злосторства врз Хрвати и муслимани во Хрватска, српската област Војводина и Босна и Херцеговина во периодот од 1991 до 1993 година. Тој беше времено ослободен на 6 ноември минатата година поради влошување на здравствената состојба. 

На барање на обвинителството на трибуналот Апелацискиот совет нареди Шешељ да биде вратен во Хаг.

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега