Плачев, страдав и се проституирав - дневно морав да бидам дури и со 50 мажи

Трговијата со луѓе може да се класифицира во најлошите злосторста. Медиумите постојано пренесуваат шокантни и вистински приказни за жртвите чии трагични судбини се запишани во полициските извештаи. Сања (24) работела како келнерка во ресторан.  Познаник отворено и понудил работа како проститутка. И ветил сончева земја и одлична заработка. За жал, таа загризала. Се спакувала, го земала пасошот и заминала во Шпанија. Таму се сместила во стан, а по неколку минути пристигнал и макрото.

-Најпрвин добила ќотек. Потоа ја фрлил во мала соба, ја претепал уште еднаш и и ги земал пасошот и мобилниот, стои во записникот на полицијата.

"Ако се обидеш да избегаш, ќе те заколам и убијам. Не знаеш кој сум и какви врски имам во полиција. Ти си сега моја сопственост и ќе работиш за мене", со овие зборови ја пречекал макрото. 

Сања плачела, страдала и се проституирала. Многу често ја силувале и тоа бидејќи нејзиниот макро дозволувал. Во трошна соба ќе и донел по пет мажи кои цела ноќ се иживувале врз неа, а тој им велел "Вечерва јас частам".

Тупаници добивала за добро утро. На ден морала да одработи по 50 клиенти, а целата дневна заработка која се движела од 2500 до 3000 евра му ја давала нему. Доколку клиентот сака секс без кондом, таа морала да се согласи. И за време на менструалниот период не била поштедена. 

 

 

Оцени ја веста

10.06.2015 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега