Тешко ми беше да им кажам на децата дека умирам - оваа жена раскажува како ја победила тешката болест

- Некој да ме прашаше пртходно дали би сакала да останам без дојки или без коса, веднаш би рекла: без дојки. Можеби затоа што сум фризерка, мопжеби и поради децата, бидејќи косата веднаш се гледа, вели Снежана Антиќ (38) од Јагодина. Оваа исповед на жената која го победи ракот и која најдобро покажува како изгледа борба со пеколната болест. 

Анализите ги добивав уште на операционата сала. Веднаш стигн "ex tempore benigno“, овој пат не доаѓа. Не, сигурно не е рак, веднаш тоа си го помислив. Додека се будев од анестезијата, докторот излезе од салата и му рекол на мојот сопруг Игор дека не е добро и дека треба да одам на уште една операција. 

- Наодите доцнеа... до тогаш, а од своја 23. година, оперирана сум неколку пати поради бенинген тумор, секој пат имаше нешто на дојката, лекарите тоа го гледаат на ултразвукот и чим  преминува два сантиметри, се вади, но сега беше поинаку. 

Неколку дена по операцијата докторот ме повика на разговор. Што има да ме вика? После него ми ѕвони мојата сестра на телефон,  а живееме во истиот двор! вели: Нено мораш да бидеш јака, што и да се случи, ти си храбра. Повторно јас ништо не разборам. Додека тоа утро седев во чекалната, пред мене беа две млди жени. Една излага и плаќе, другата излегува и плаче. тогаш сфатив, значи тоа е тоа...

Затоа Игор воздивнуваше со денови, затоа и една моја роднина сакаше да дојде со мене во ординација. Затоа мојата сестра ми звонеше на телефон... Ми беше многу страшно. Дали ќе умрам? Не, нема! Но мајка ми умре од истата болест. 

- Добро, нема врска јас сум млада, различни мисли ми поминуваа низ глава. 

- Најмногу се плашев како да им кажам на моите девојчиња. Неда имаше 13 години, Тина 11. Пред ниц никогаш не ја имав изговорено дијагнозата, но тие слушнале... Истражиле на Интернет и сфатиле дека е рак. Многу се плашевме, мама, денеска ми го кажува тоа Неда...

Таткото на нивното другарче починал од рак и мислеле дека и нивната мајка ќе почине. 

Не доаѓаше во обѕир да им соопштам дека имам рак. За нив мајката е борец која се грижи за се. И како сега да видат дека сум слаба. Зошто баш јас? Зар не е доволно што Бог ми ја зеде мајката? Ми рекоа дека би можело да ми ја остраната дојката. Ма, сечи нога. рака. што ми е грижа, јас немам право да умрам. тоа си го мислев.

се чувствував бедно, немоќно, час сакав да живеам, час сакав да умрам. А се поминав, ме сметија после операција во собата во која мојата мајка почина, па кога побарав да ме преместат, ме сместија во креветот на кој ми умре свекорот, а добив и погрешни резултати од патологија, дека имам метастаза. 

Одам таму и направив хаос, а главната сестра ми вика: Зошто викаш, затоа што си оперирана од рак. Мораш да бидеш смирена, тивка, не ја предизвикувај судбината: Местастази за среќа немаше, се помина со 25 зрачења и шест хемотерапи. Хемотерапијата тешко ја поднесував

- Лежев седум дена и си мислев: „Боже, земи ме, косата ми се проретчи... само за да ја сочувам неколку дена не ја чешлав. Да ме прашаше некој дали да останам без дојки или без коса би рекла без дојки. Можеби затоа што сум фризерка, па можеби и поради моите деца. 

Но за среќа сетоа тоа остана во минатот бидејќи оваа жена успеа да ја победи ужасната болест на 21 век

 

 

 

 

Оцени ја веста

10.06.2015 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега