Груевски најави нов проект за помалите населени места
Еве денес ќе најавам еден нов проект што го разгледуваме и почнавме да го разработуваме, а се однесува на инвестиции во помали населни местса, каде е потешко да се убедат инвеститори да дојдат, заради малиот број на население а со тоа и слободна работна сила во близина на фабриката, особено ако станува збор за некоја конкретна потребна квалификација, или заради просторна и геогравска оддалеченост на одредено населено место, рече премиерот Никола Груевски на Годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
-Така на пример, многу е полесно да се убедат инвеститори да дојдат во Скопје, Штип, Битола, Прилеп, Велес, и слични градови кои имаат по 40, 50 или повеќе илјади жители од различни квалификациски профили и кои се инфраструктурно добро поврзани. Но, многу е потешко да се убедат да инвестираат во помали места како Крушево, Ростуше, Скудриње, Пехчево, Берово, Ресен, Кривогаштани, Дебарца, Старо Нагоричане, Чучер Сандево, Липково, Лабуншта, Конче, Пласница, Теарце, Јагуновце, Делчево, Вевчани и слични на нив, каде има помал број на жители, особено помал број на високо квалификувани, просторно и инфраструктурно не се на примарните патни делници и најчесто ги одбегнуваат за инвестирање, рече Груевски.
Имено, нагласи Груевски, она што треба да го разработат во наредните денови и недели се нови мерки кои владата би ги превзела со цел да се даде додатен стимул, пред се финасиски, на компаниите, независно дали странски или домашни, да отворат во ваквите места нови капацитети, и да вработат дел од невработените во овие општини.
-Очекувам дека во наредните 2 до 3 недели ќе биде готов концептот, а најдоцна од септември или октомври ќе почнат да се нудат новите стимулативни мерки за отворање на нови работни места во ваков вид населени места, кон кои засега немаме доволен интерес од потенцијалните инвеститори. Тоа ќе биде нов проект за отворање на нови работни места, рече Груевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа