Ќе патуваме на пет нови дестинации - нови авиолинии од скопскиот аеродром
Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ од утре од аеродромот Александар Велики во Скопје воведува директни авиолинии до европските градови Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен и тоа два пати неделно. До петте нови дестинации унгарскиот авиопревозник ќе оперира двапати неделно.
Од аеродрмот Св. Апостол Павле од Охрид, пак, од задутре, авиокомпанијата ќе воведе директен лет до Базел исто така два пати неделно.
На новите шест авиолинии „Визер“ ќе оперира со субвенции од македонската Влада, согласно договорот со Министерството за транспорт и врски.
Во изминатиот период преку Проектот за доделување финансиска поддршка на нови авиолинии беа воведени директни летови кон: Малме, Базел –Милхаусен, Милано –Бергамо, Ајндховен, Дортмунд , Меминген, Минхен, Стокхолм, Гетеборг, Лондон-Лутон, Венеција, Франкфурт, Париз, Брисел, Келн и Рим.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа