Германските компании се задоволни од своите инвестиции во Македонија

 

Германски компании генерално се задоволни од условите за инвестирање во Македонија, подобрувања треба да има во делот на администрацијата, вели во ТВ интервју за Лидер, Мартин Кнап, раководен член на Управниот одбор на Македонско-Германското стопанско здружение.

Политичката криза, според Кнап нема да остане незабележана од компаниите пред донесување на одлука за инвестирање.

Целото интервју на ЛИДЕР го пренесуваме во продолжение

Германската комора прослави 15 години постоење во Македонија. Што значи тоа за вас како комора?

15 години се еден долг период. Kога започнавме не очекувавме дека канцеларијата ќе се развива толку добро. Вистина не радува дека успеавме во тоа, но исто така и како Германска стопанска комора сметам дека имаме свој придонес и во развојот на билатералните односи меѓу двете земји.

Како Комора секоја година правите анкета за тоа дали компаниите се задоволни од бизнис условите и каква е бизнис климата во земјава. Кои се последните резултати од анкета?

Поголемиот дел на компаниите кои што инвестирале во Македонија, според анкетата повторно би инвестирале во Македонија, тие се задоволни од условите кои што се нудат. Кога ќе ги прашате компаниите од што се задволни, тие се задоволни исто така и од кадарот кој што стекнуваат во Македонија, од она од кое што не се задоволни се администрацијата, бирократијата и правната сигурност во земјава.

Дали годинава ќе има нови компании од Германија кои ќе инвестираат во Македонија?

Секогаш постојат планови,но ние како германска стопанска комора не сме овластени да говориме пред време. Компаниите кои што размислуваат да инвестираат во Македонија, тие компании одредуваат кога тоа ќе излезе во јавност. Воедно треба да се земат во предвид и последните случувања во земјата и врз основа на тоа можеме да кажеме дека тоа не е во полза за странските инвестиции, односно тоа не е нешто што ќе остане незабележано од нивна страна пред донесувањето на одлука за инвестиција.

Во контекст на ова, дали последните случувања ќе имаат негативно влијание врз трговската размена меѓу двете земји?

Не верувам дека последните случувања во земјава ќе влијаат на трговијата бидејќи германските компании кои што се во Македонија имаат свое производство, се оние кои што се одговорни за волуменот на трговската размена. Така да тие произведуваат во Македонија , за нивните производи да ги извезат кон Германија, со оглед на тоа дека производството и понатаму тече, случувањата немаат влијание врз трговската размена.

Во кои сектори би можело да има зголемување на трговската размена?

Во регионот Македонија е водечка во однос на другите земји, во однос на трговијата и бројките кои што се постигнуваат со Германија. Доколку овие бројки ги поделите со бројот на жителите во земјава, тие бројки не се импресивни само за регионот туку навистина Македонија на светско ниво покажува успех во однос на трговската размена со Германија. Доколку се продолжи со овој тренд, бројките ќе се зголемуваат и во иднина.

 

 

Оцени ја веста

04.07.2015 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега