Министерството за финансии исплати 254 милиони денари субвенции

 

Министерството за финансии денеска исплати 254.430.205 денари за субвенции за повеќе земјоделски гранки.

-Исплатени се 85 милиони денари за мерката одржување на постоечки лозови насади, 2,9 милиони денари за нови лозови насади, како и 84 милиони денари за тутун за реколтата 2011. За одржување на овошни насади исплатени се 15 милиони денари, како и 9,8 милиони денари за нови овошни насади, додека за поддршка на градинарството 13,5 милиони денари, информираат од Министерството за финансии.

Исто така, информираат од Министерството, исплатени се субвенции за одгледување на ориз, сончоглед, пченка и фуражни култури, за кравјо млеко, обележани грла говеда и пчели.

-Со исплата на субвенциите Владата на Република Македонија и Министерството за финансии остануваат посветени на подигнување на овој, за македонската економија, клучен сектор, стои во соопштението од Министерството.

 

 

 

 

најчитано сега