Ги врзале децата во собата и пребарувале по куќата - филмско разбојништво во скопски Чаир
Вчера околу 13,30 часот во Скопје на ул.„Дижонска“, во куќата на сопственост на А.И., 4-5 непознати маскирани лица извршиле разбојништво во обид над малолетните деца Б.И.(11), Р.И.13) и Н.И.(16). Имено, додека сопственикот бил отсутен од куќата, лицата влегле во куќата, две од децата ги врзале во дневната соба, а едното дете се заклучило во бањата. Истите извршиле пребарување по собите, а откако не пронашле пари, ги уклучиле ринглите од електричниот шпорет и ја напуштиле куќата. Откако заминале, детето кое се заклучило во бањата излегло и ги одврзало двете деца во дневната соба. Полицијата извршила увид на местото, се превземаат мерки за откирвање на сторителите
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа