Градоначалникот Латиновски ќе го посети новото ОУ „Живко Брајковски“

Градоначалникот на општина Бутел Петре Латиновски денеска ќе го посети новото основно училиште „Живко Брајковски“ чија изградба е во завршна фаза.

Објектот, со вкупна површина од 5.000 метри квадратни и со капацитет за 900 ученици, треба да биде готовдо почетокот на новата учебна година, 1-ви септември. 

За првата фаза од изградбата на училиштето (до карабина) од буџетот на Општина Бутел беа издвоени околу 45.000.000 денари, а за втората е обезбедено кредитно финансирање од Светска банка преку проектот за подобрување на општинските услуги, преку проектната единица на Министерството за финансии.

Изведувач на работите за комплетно завршување на училишната зграда и нејзиното партерно уредување е претпријатието „Вардарградба“ ДОО Скопје. Висината на кредитните средства се во износ од 66.486.259 денари или 1.081.077 евра.

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега