Град Скопје: Вложувањето во енергетската ефикасност има врвен приоритет

Град Скопје реагира на изјавата на Драги Давчевски од СДСМ кој е член на Советот.

Во продолжение ја пренесуваме реакцијата во целост

Вложувањето во енергетската ефикасност, електромобилноста и намалување на загадувањето е област која има врвен приоритет во светските и во европските институции.

Со набавката на електрично возило Град Скопје се вклучива во овие активности со поттикнување и развивање на свеста кај граѓаните за животната среднина.

Град Скопје планира набавка на електрично возило кое комплетно работи на електрична енергија без користење нафтен агрегат и има 0 емисија на штетни гасови.Електричните возила се крајно економични и 100 километри се поминуваат за околу 40 денари, со што самото возило ќе има економска исплатливост за неколку години. Дополнително, овие возила се исклучително тивки и придонесуваат за намалување на бучавата во урбаните средини.

Во изминатиов период Градот Скопје го постави и првиот полнач за вакви возила во катната гаража „Македонска фаланга” кој е ставен на располагање за бесплатно користење на сопствениците на ваквите возила, со што дополнително ги поттикнување физичките и правните лица да набават ваков вид  возила.

Сите овие факти ги побиваат неоснованите коментари и обвинувања дека набавката на вакво возило е неисплатливо и дека набавката на истото претставува некаков вид расипништво. Дополнително, сметаме дека е крајно несоодветно да се предлага со овие средства да се набави специјално возило за лица со посебни потреби, кога токму на оваа седница, пред само една точка,Советот  донесе одлука за набавка на вакво возило, кое е четврто од ваков вид кое Град Скопје го става на располагање на оваа категорија  граѓани, нешто што го нема во ниту еден друг град од регионот.

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега