Бора Чорба со концерт во Дојран

Утревечер во градскиот парк на ракометното игралиште во Стар Дојран ќе одржи концерт балканската рок-легенда Бора Чорба од „Рибља Чорба“. Стартот на концертот е закажан за 23:00 часот, а атмосферата ќе ја загрева Марко Логаут.

Влезните билети за настанот се пуштени во претпродажба по цена од 150 денари, а се продаваат на 3 локации во Дојран (Трафика Џинов, Инфо Бирото во Стар Дојран и сендвичара Џина). Вечерта, на влез билетите ќе бидат по цена од 200 денари.

Овој концерт е само еден дел од летните активности на „Иноватива Груп“, a во подготовки и во најава се и други фестивали и настани. Концертниот настан на Бора Чорба е поддржан од Општина Дојран и е дел од Дојранското, културно лето.

 

 

Оцени ја веста

23.07.2015 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега