Ставревски: Измените на Законот за прекршоци се поволни за малите и средните фирми

Намалувањето на казните со измените во Законот за прекршоци, влијае поволно за малите и средните фирми.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски оцени дека измените на Законот за прекршоци ја прави Македонија една од земјите со најдобра бизнис клима во Европа и овозможува македонското стопанство и понатаму да остварува добри резултати, пренесува МИА.

„Кај малите фирми казните ќе бидат пониски шест до седум пати во однос на досегашните, а кај средните два до четири пати пониски од досегашните, што значи дека казната доколку мора да се изрече нема да влијае значајно  врз работењето на фирмите“, оцени Ставревски, при посетата на Сојузот на стопански комори.

Според вицепремиерот со измените на Законот, целта на казните е да го опомени оној кој го прекршил законот, да се корегира и да продолжи со работа.

„Со измените на Законот за прекршоци се воведува и поголема примена на институтот опомена, значи за помалите прекршоци нема воопшто да има казни, туку фирмите ќе бидат опоменети со цел да го корегираат своето работење  и да продолжат понатаму“, додаде Ставревски.

Новиот пакет на законски измени, го поздрави претседателката на ССК Данела Арсова и оцени дека драконските казни со кои се соочуваа компаниите во изминатите години значително се намалија.

Со намалените казни за фирмите се исполни ветувањето кое Владата го даде на домашните фирми, а тоа придонесува за натамошно подобрување на нивниот амбиент за работа.

 

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега