Општина Свети Николе: Веста дека е запуштено фудбалското игралиште се лага и манипулација (ФОТО)

На злонамерните ни очила не можат да и помогнат, а фактите се непобитни. По 9 години пауза ФК „Овче Поле“ од есента 2013 почна да се натпреварува, а годинава заврши на високото 3 место во третата лига Исток. Помошниот стадион во населбата „Ливади“ се користи и се користеше за тренинг и рекреативни настапи, се вели во реакцијата на Општина Свети Николе.

Во продолжение ви го пренесуваме целиот текст интегрално:

Од 15 Август под раководство на фудбалската легенда на Свети Николе, Гордан Здравков ќе започне  фудбалската школа за најмладите во категорија на петлиња и кадети. Фудбалскиот стратег кој заедно со некогашните соиграчи Ефремов и Серафимов, кои во изминатиот период  преку неколку проекти ја одржуваа  фудбалската традиција на „Овче Поле“, настојува подмладокот  да ја продолжи  успешната  приказна на еден од најстарите фудбалски клубови во нашата земја формиран 1925 година.

igraliste1

Во 2010 година во Свети Николе беше предадено во употреба фудбалското игралиште  од проектот на Владата  „50 фудбалски игралишта“, на кое ќе се одржува и летната фудбалска школа. Заради високите летни температури,  изградбата на колекторскиот систем во населбата „Ливади“ и дефект на системот за наводнување на игралиштето, изгледаше дека теренот е запуштен и не се користи.

igraliste6

Деновиве, е отстранет дефектот на системот за наводнување  и се очекува во наредниот период  теренот повторно да биде подготвен за изведување на тренинзи и фудбалски натпревари. Во наредниот период овој спортски терен ќе биде   одржуван од  ЈКП „Комуналец“, како и градскиот стадион во центарот на градот. Фудбалскиот клуб „Овче Поле“,  со поддршка на локалната самоуправа на Општина Свети Николе, настојува  преку  спортот  да  вклучи поголем број на млади лица, кои ќе го негуваат спортскиот дух и традицијата на  фудбалот во Свети Николе, а воедно и со подобрување на спортските терени да им се овозможат идеални услови за спортување.  

igraliste2

Фудбалскиот стадион од проектот „50 Фудбалски игралишта“ на Владата на Република Македонија, не пропаѓа туку напротив, е и ќе продолжи да биде во функција на развојот на фудбалот во Свети Николе.

igraliste4

Сите обиди за искривување на тезите дека градителот во конкретниот случај Владата на Р. Македонија и почитуваниот Премиер Никола Груевски направиле лоша работа, се само груб обид за манипулација со јавноста. Од кога тоа виновни се тие кои градат, а со извртување на вистината, се конструираат ситуации кои се далеку од реалноста.

igraliste5

 

 

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега