Втора винска регата на Тиквешко Езеро

Втората по ред винска езерска регата се реализира денеска на Тиквешкото Езеро, во организација на Здружението на граѓани „Винотек“ од Кавадарци.

- Продолжуваме со активностите за промоција на тиквешкото вино кое е со извонреден квалитет од една страна и на Тиквешијата како најголем вински регион во државата кој вреди да се посети, од друга страна, рече Панче Арсовски од „Винотек”.

Учесниците во регатата, од земјава и странство, пловеа до Полошкиот манастир „Свети Ѓорѓи” по што следува дегустација на тиквешки вина и риба.

Тиквешкото Езеро е втора по големина вештачка акумулација во државата долга триесетина километри. За да се исплови целата должина на езерото, потребни се околу 4 часа во еден правец.

Манастирот се наоѓа некаде на половината и до него се стигнува само по воден пат.

 

 

Оцени ја веста

26.07.2015 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега