Преку владиниот проект лицата над 30 години можат да завршат факултет

Од денеска е објавен конкурсот за упис во јавните високообразовни установи во академската 2015/2016 година, за лица над 30 години жени и над 35 години мажи. Преку програмата 30/35 оваа година се обезбедени 670 слободни места за дефицитарни занимања, односно занимања кои се атрактивни на пазарот на трудот.

Со проектот 30/35 се обезбедува поголема достапност на високообразовните установи во земјата за лицата коишто поради какви било причини во минатото не биле во можност да го надградат и формализираат високото образование, односно да се стекнат со факултетска дипома.

-Проектот 30/35 се спроведува веќе шеста година по ред. Сите заинтересирани граѓани на возраст од минимум 30 години за жени, односно 35 години за мажи, со претходно завршено четиригодишно средно образование и заснован работен однос на неопределено или пак невработени лица кои се пријавуваат во АВРМ најмалку 5 години, ќе им се овозможи да се запишаат на студиска програма за прв циклус на студии, со годишно кофинансирање на студиите од 200 евра во денарска противредност, истакна заменик министерот Сприро Ристовски.

 

230 слободни места има на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје , 315 на Државниот универзитет во Тетово, 45 на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола и 80 слободни места на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

-Се работи за понуда на вкупно 44 студиски програми, односно насоки, распределени на 16 факултети. Конкурсот е проектиран согласно резултатите од деталната анализа на потребите на пазарот на трудот во земјата и утврдувањето на дефицитарните занимања, односно занимањата кои се актуелни, истакна Ристевски. 

 

 

Оцени ја веста

27.07.2015 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега