Еве колкава била просечната нето-плата
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2015, изнесува 22.071 денари и претставува зголемување за 2,7 проценти.
Според податоците на Државниот завод за статистика зголемувањето е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација за15,8 отсто, Други услужни дејности за 7,5 отсто и Дејности на здравствена и социјална заштита за 5 проценти.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 6,1 отсто, Уметност, забава и рекреација за 5,4 отсто и Информации и комуникации за 5,0 отсто.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2015 изнесува 32 393 денари.
Во мај 2015 година, 1,6 отсто од вработените во Република Македонија не добиле плата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа