Општина Василево гради два нови паркови

На површина од околу 1400 квадратни метри на влезот во општинскиот центар Василево денеска почна холтикултурно и партерно уредување и иградба на нов парк, што е предлог на жителите од Василево за подобра животна средина.

- Средствата за овој, како и за паркот  во Градашорци, во висина од два милиони денари, се обезбедени од Бирото за регионален развој преку Програмата за развој на подрачја со специфични развојни потреби. Овој простор кој е во близина на магистралниот пат Струмица-Радовиш  ќе го направиме пријатно катче за секој жител но и патник намерник кој ќе помине или ја посети нашата општина, изјави градоначалникот на Василево, Ване Стојанов.

Вториот нов парк, на површина од околу  340 квадратни метри, се гради сред село во Градашорци. Покрај партерното и холтикултурно уредување на овој простор ќе биде поставена и автобуска постојка.

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега