Аеродром: Изнесените тврдења во „Фокус“ се неточни, сакаат да се уништи угледот на општината

Од општина Аеродром реагираат на наводи истакнати во весникот „Фокус“, каде што се вели дека: „Фокус располага со документи во кои се наведува точната сума пари кои се потрошени за изградба на паркови- износот на јавните набавки, дополнителните анекс договори, како и потрошените средства за спомениците, кои освен во централното градско подрачје може да се забележат и во општина Аеродром“.

-Најпрво би истакнале дека се работи за тенденциозно изнесени тврдења кои се неточни, а се истакнати со цел да се уништи угледот на општина Аеродром и да се создаде впечаток кај читателот и јавноста дека општината недомаќински и расипнички се однесува со сопствениот буџет, реагираат од општината.

Од општина Аеродром велат дека податоците за јавните набавки се од транспарентен карактер и пристап до истите имаат сите корисници на интернет.

-Вашата тенденција да се прикажете себе си како исклучително добри истражувачи со одлични извори на информации, како и да ја прикажете општина Аеродром како нетранспарентна во делот на јавните набавки е неоснован. Во однос на тврдењата дека постојат дополнителни анекс договори, ве повикуваме истите да ги објавите со цел општината, а и целокупната јавност да биде запознаена со нивната содржина, стои во реакцијата.

Меѓу другото, од општина Аеродром велат: Доказ повеќе дека општина Аеродром внимателно и грижливо се однесува при трошењето на средства од буџетот при извршувањето на сопствените надлежности е околноста дека при доаѓањето на градоначалникот Ивица Коневски во 2009 година, општината имаше на сметка 20.000.000 денари, а побарувањата беа повеќекратно поголеми, за да во текот на овие 6 години се превземат активности за донесување на 40-тина ДУП-ови како и презентации пред Стопанските комори за инвестициските можности во Аеродром, со што ширум се отвори вратата на домашните и странските инвеститори.

Од општината, ги повикуваат од „Фокус“, да се извинат за неточните тврдења кои се истакнати со цел да се наштети на угледот на општина Аеродром, во спротивно од страна на општината ќе бидат превземени соодветни правни дејства.

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 22:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега