Изградбата на браната на Оризарска Река ќе започне до јуни наредната година

Очекувам првата фаза од изградбата на брана на Оризарска Река да биде готова до крајот на годината, а во првата половина на наредната година да започне и изградбата на самата брана, проект вреден 35 милиони евра со кој ќе се реши водоснабдувањето на повеќе населени места во општините Кочани, Виница и Чешиново-Облешево.

Ова денеска го посочи премиерот Никола Груевски во одговор нановинарско прашање по посетата на ОУ „Никола Петров Русински“ во населеното место Русиново, беровско, пренесе МИА.

Тој прецизира дека првата фаза, која е во тек и е започната минатата зима, претставува изградба на пристапен пат во тешко пристапен планински терен чија вредност изнесува три милиони евра, а треба да биде готов до крајот на декември годинава.

 - Очекуваме почетокот на изградбата на браната да биде во првата половина од идната година меѓу март и јуни. Таа ќе биде од голема помош бидејќи има неколку употребни вредности. Ќе го реши проблемот со водоснабдување на Кочани, на Виница, на Чешионово-Облешево и на други населени места и општини во околината каде живеат илјадници граѓани и ќе овозможи наводнување на нови 1.500 хектари земјоделска површина што е од исклучително значење за луѓето што живеат во тој крај, изјави Груевски.

Тоа, како што рече, ќе биде сериозен поттик за земјоделството и ќе отвори многу нови работни места за луѓе што се занимаваат со земјоделство, 

Очекува браната по отпочнувањето со изградба да биде завршена и пуштена во употреба за три до четири години.

 

 

Оцени ја веста

17.08.2015 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега