Откриени случаи на нелегална продажба на алкохол во Орхид, Струга и Дебар
Акцијата на Царинската управа за контрола на продажбата на акцизна стока во текот на вчерашниот ден продолжи на територијата на Дебар, Охрид и Струга.
Контролирани се 15 објекти и повеќе зелени пазари, при што неправилности се откриени во 4 случаи и привремено се задржани околу 100 литри алкохол без бандероли и со сомнително потекло.
Во 2 угостителски објекти во Дебар и Охрид е утврдена нелегална продажба жестоки пијалоци и одземени се 9 литри алкохолни пијалоци – коњак, вотка, виски и ликер, додека при контрола на зелените пазари во Охрид и Струга кај 2 физички лица се откриени и одземени 83 литри домашна ракија и 5 литри коњак.
Сите привремено задржани алкохолни пијалоци, во вкупна количина од 97 литри, не биле означени со контролни марки, ниту поседувале било каков сертификат за квалитет, а се нуделе на продажба.
Против прекршителите Царинската управа презема соодветни мерки.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа