Уапсен насилник од Карпош: Нападнал поранешна партнерка и случајни минувачи кои сакале да и помогнат
Денеска во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.И.(27) од с.Крушопек, скопско, по претходна пријава дека на 28.05.2025 околу 22.20 часот на подрачјето на Карпош физички ја нападнал неговата поранешна 23-годишна партнерка од Скопје, а нападнал и случајни минувачи, кои се обиделе да и помогнат.
Исто така, според пријавеното, истиот на 25.05.2025 околу 02.00 часот, физички ги нападнал неа и нејзината пријателка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
29.05.2025 - 15:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа