Тепачка и пукање меѓу членови на ДУИ во Старата скопска чаршија
Синоќа настанала тепачка како и пукање меѓу членови на ДУИ во Старата Чаршија во СКопје. Како што пишува Либертас, членови на ДУИ започнале меѓусебе да се тепаат, а имало и истрели од огнено оружје, а според очевидци кои се нашле на местото на настанот, најлошо поминал директорот на средното трговско училиште, Шаип Зендели, кој е и кандидат за нов директор на пензискиот фонд од листата на владеачката албанска партија, ДУИ, кој бил истепан од негов пријател и колега.
Тепаниот Шаип изнервиран се вратил на местото на настанот и пукал од неговиот пиштол, но за среќа повредени во инцидентот нема, велат изворите на Либертас.
За инцидентот нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа