Најавена изградба на 73 километри нови патишта

 

Се работи за нови 6 регионални патни правци кои ќе ги започнеме овој и наредниот месец. Ние веќе започнавме со изградба на шест регионални патни правци во изминативе два месеци. Очекувам дека во следните два месеци ќе започнеме со изградба на 73 километри нови патишта, односно инвестиција вредна 10 милиони евра, истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во интервјуто за Алфа.

Мисајловски истакна дека најавените проекти се дел и од програмата каде е предвидено време траењето на изградбата, додавајќи дека како е настапено пред граѓаните така ќе се одвива реализацијата.

-Освен овие патишта кои ќе почнеме да ги градиме,имаме уште многу делници што веќе се започнати со распишан тендер за градба. Можам да го најавам Смоквица-Гевгелија во должина од 10,15 километри и изнесува 4,2 милиони евра. Очекувам дека до крајот на годината ќе имаме потпишано договор и ќе може да стартуваме.  Воедно очекувам дека од следната година ќе почнеме со градба на патот Миладиновци-Куманово, вели министерот за транспорт и врски во интервјуто за Алфа.

Мисајловски вели дека имаат одлична соработка со Министерството за финансии и како е договорено во програмата, така се реализира изградбата на сите патишта. Освен патиштата, вели министерот, голем број проекти се реализираат и во делот на железницата.

-Покрај набавката на нови вагони и возови, очекуваме за брзо време да набавиме и нови логомотиви. Се надевам дека во наредните месеци ќе излезе и тендерот за набавка, што е еден круцијален проект во овој дел. Ја градиме и пругата кон Бугарија, кон Грција, по Коридорот 10 се прави целосна рехабилитација. Не застануваме тука, продолжува и со реконструкција на железничките станици, некои се во завршна фаза, некои се во тек на градба. Очекувам дека кон половината на идната година сите да бидат завршени. Сведоци за околу еден месец ќе бидеме и новата скопска железничка станица чија реконструкција е во завршна фаза, додава министерот.

За идната година планирана е изградба на голем број водоводи и канализации во соработка со општините, но и на плажи, пешачки патеки и изградба на жичарата, односно втората фаза.

 

 

Оцени ја веста

09.10.2015 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега