Груевски ќе ја промовира Македонија во Хамбург

 

Делегација на македонската Влада, на чело си премиерот Никола Груевски денеска во Хамбруг, Германија, ќе учествува на бизнис форум, на кој ќе бидат промовирани поволностите кои Република Македонија ги нуди за отворање и реализација на инвестиции.

Дел од делегацијата се и вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестициин Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зонин Виктор Мизо, информираат од владината прес-служба.

Форумот е организиран во соработка со Стопанската комора во Хамбург.

Владината делегација ќе има и повеќе средби со претставници на повеќе германски компании кои имаат интерес за инвестирање во Македонија.

најчитано сега