Димков: Луѓето не веруваат на СДСМ зошто не си стоите на ветеното

Пратеникот од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Трајчо Димков, на денешната собраниска дебата посветена на Буџетот за 2016 година се осврна на тезите и аргументите со кои смета дека се работи за развоен буџет кој е во корист на граѓаните и разликата на буџетот кога СДСМ била на власт и сега.

-         

Самиот податок дека вашиот буџет да речеме од 2006 година беше многу помал во однос на сегашниот покажува колава е разликата и колку се повеќе вредностите и колку поголеми проекти има. Меѓутоа кога зборуваме за реализацијата на проектите, е тука имаме стопостотна ефикасна реализација бидејќи се што е обеќано е остварено. Кај вас тоа не го гледавме. Многу пати отстапувавте од она што го кажувате и буквално затоа и луѓето не ви веруваат.

-         

Кога се зборува за тоа дека премиерот одел од село во село, отварајќи одредени објекти , тука е разликата. Премиерот знае да отиде во секое село во било кој дел од Република Македонија да разговара со граѓаните и да им ги решава проблемите.

-         

Кога зборувате за зголемени плати и бројот на вработени во Република Македонија и тука е разликата.Порано еден ваш колега зборуваше, зошто да им даваме поголеми плати на администрацијата и пензии на пензионерите. Вие им ги одземавте односно кратевте плати и пензии.

Димков во продолжение посочи дека СДСМ не очекувале проектот Скопје 2014 да се реализира и од кога виделе дека станува реалност почнало да ги фаќа паника.

 

-         

Кога го видевме проектот Скопје 2014 на една визуелна проекција беше фасцинантен. Меѓутоа кога почна да се реализира, е тогаш ве фати паниката, тогаш вие почнавте да беснеете. Вас ви пречи тоа што оваа Влада го реализира ветеното.

 

 

 
 
17.11.2015 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега