Коџабашиев: Негласајќи го буџетот за 2016 значи дека СДСМ е против новите фабрики и зголемувањето на пензиите и социјалната помош

На денешната собраниска дебата за предлог Буџетот за 2016 година пратеникот од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓи Коџабашиев обраќајќи се кон пратениците од опозицијата посочи дека СДСМ треба да им каже на граѓаните дека со тоа што нема да гласа за Буџетот за 2016 година воедно гласаат против и за мноу проекти кои се во корист на граѓаните.

- Тоа што нема да ја дадете поддршката за овој буџет значи дека СДСМ ќе гласа против најразвојниот буџет досега , ќе гласа против изградба на нови фабрики во кои се предвидува вработувања на 20 000 граѓани, СДСМ ќе гласа против 1000 нови вработувања преку проектот за самовработување, СДСМ ќе гласа против зголемување на пензиите и социјалните надоместоци, СДСМ ќе гласа против зголемените инвестиции во образованието и замејоделството. Тоа треба да им го кажете на граѓаните од собраниската говорница.

- Ако имате доблес ќе кажете од оваа говорница дека нема да ја дадете поддршката чисто од партиски интереси.

 

 
 
17.11.2015 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега